ск

ск

Thursday, December 13, 2012

Излегува деби албумот на MOLOKAI - YOU SURF, WE SEND PIRANHAS! + BERNAYS PROPAGANDA и ХАХАХА инфо


Деби албумот на Битолските чудо од деца МОЛОКАИ насловен YOU SURF WE SEND PIRANHAS, излегува утре,14 Декемви за НАПРАВИ ЗАЕДНО и МКЦ Битола. Концертната промоција во Битола е закажана за 21 Декемви во МКЦ, додека пак во Куманово МОЛОКАИ ќе ја престават плочата во живо на НЕМА ДЕДО МРАЗ фестивалот на 28 Декември, а следниот ден се дел од ЗЕМЈОТРЕС фестивалот во МКЦ, Скопје.

ХАХАХА настапуваат утре на GLIMPS фестивалот во Гент, Белгија. Со настапите на НЕМА ДЕДО МРАЗ и ЗЕМЈОТРЕС тие за заокружуваат концертната промоција на нивната последна плоча СИРОМАШНИ И БОГАТИ.

BERNAYS PROPAGANDA настауваат на GLIMS фестивалот на 15 Декември. Нивниот трет албум ЗАБРАНЕТА ПЛАНЕТА е снимен и е во фаза на продукција. Светлото на денот ќе го види на 26 Февруари, а Скопската промоција е закажана за 1 Март,со концерт во МКЦ. После тоа следува 9 неделна Европска турнеја.

No comments:

Post a Comment