ск

ск

Wednesday, August 22, 2012

ТУРНЕЈА НА ФОНИЈА И CULTURE DEVELOPMENT

Претставници на новата македонска подземна музика, скопските состави Фонија (www.fonija.mk) и Culture Development (www.facebook.com/culturedevelopmentmk) овој петок (24.08.2012) тргнуваат на својата прва турнеја. Во петнаесетина дена бендовите ќе реализираат девет концерти во Белград, Суботица, Зрењанин и Сомбор во Србија, потоа Љубљана, Руше и Белтинци во Словенија и Куманово и Скопје во Македонија. Точната листа на сите места и датуми можете да ја проверите на сајтот на букинг агенцијата „Андале“ – www.andale.mk која е организатор на оваа турнеја. Ова е прва турнеја за двата бенда што не е ништо невообичаено имајќи во предвид дека најстариот во екипата има само 20 (дваесет) години. Едни од предводниците на мелодичниот панк рок, Фонија на оваа турнеја ќе го промовираат својот трет албум „Зелен, сончев ден“ издаден оваа година за независната Направи заедно (http://napravizaedno.com) издавачка куќа. Бендот пак за кој допрва ќе се зборува, Culture Development ќе тргне на концертна промоција на деби изданието “The 3 of Us” кое ќе се појави во септември, исто така преку “Направи заедно“. Ова издание и официјално ќе биде промовирано на повратничкиот концерт во Скопје закажан за 7ми септември.

No comments:

Post a Comment