ск

ск

Sunday, July 22, 2012

Culture Development-The 3 of Us pre-order

Уште едно НАПРАВИ ЗАЕДНО издание чука на вашата врата. Станува збор за деби албумот на CULTURE DEVELOPMENT , The 3 of Us. Плочата крие 10 фантастични песни од кои зрачат тони од енергија,искреност и емоција. Обратете внимание на овој бенд!!!

Culture Development можеби и не се свесни дека се дел од светата линија на емотивниот панк, која на засега необјаснив начин дојде од Вашингтон (како дел од револуционерното лето 85-то!), преку Сан Диего (Гравитацијата си го направи своето) и конечно после европскиот француски одговор од средината на 90-тите зачука на непробојните ѕидини на Скопје. Доколку некој најде рационално објаснување како тоа се случи и зошто овие тинејџери звучат сигурно и убедливо како инди икони уште од својот прв настап (кој инаку се случи пред само неколку месеци) дефинитивно во себе ја има моќта на предскажувањето. Culture Development се вашите омилени легендарни алтернативни херои заробени во телата на Скопски деца.Culture Development се Алек Костенаров (бас гитара; вокал), Александар Макаловски (гитара; вокал) и Стефан Дојчиновски (тапани).

THE 3 OF US излегува при крајот на Август на НАПРАВИ ЗАЕДНО. Pre-order можете да направите на: junkcola@gmail.com

No comments:

Post a Comment