ск

ск

Tuesday, May 22, 2012

ОД УМЕА, ПРЕКУ СКОПЈЕ, ДО ЧИКАГО

Мај и Јуни не случајно се еден по друг. Убаво се надополнуваат и сите се среќни со сонцето,цвеќињата и првите скокови во вода после долгата зима. Истото важи и за НАПРАВИ ЗАЕДНО концертите на 30 Мај и 1 Јуни. Убаво се надополнуваат и сите се среќни со интернационалната понуда на одлични бендови. Од далечната Умеа, некогашната колевка на најизвиканите Европски хард кор бендови доаѓаат LYCKA TILL ( http://lyckatill.bandcamp.com/ ). Пејат на Шведски, звучат светски, ги носат блузот и фолкот во себе, но сепак ги свират панкерски. НОВА ГЕНЕРАЦИЈА се скопски панк деца кои се обидуваат да ја продолжат линијата на младешка бунтовност и бучен,брз тро акорден бес. Концертот е на 30 Мај а почнува во 22:00. Влезот е 200( нема слободен влез, сите пари се за бендот на турнеја!). Boiling Point е Кумановската организациска помош. 31 Мај е ден за одмор и припремање за хард кор матинето кое ќе се одржи следниот ден ( 1 Јуни). Од братскиот Чикаго ни доаѓаат веган/стрејт еџ монасите NOOSE (http://noose.bandcamp.com/ ). Слободно можете да очекувате тупаници во воздух, иксови на рацете, скокови со гитари и стрејтерски шаманизам. ХАХАХА се бивши стрејтери и ќе бидат статични при свирењето на песни од новата плоча која треба да искочи за НАПРАВИ ЗАЕДНО во Септември. Концертот почнува во 18:00. Влезот е 200( нема слободен влез, сите пари се за бендот на турнеја!) .

No comments:

Post a Comment