ск

ск

Friday, January 20, 2012

BERNAYS PROPAGANDA свират во МКЦ на 17 Февруари

Photobucket

BERNAYS PROPAGANDA
ќе отсвират самостоен концерт на 17 Февруари во МКЦ со кој ја одбележуваат 5 годишницата од својот прв настап.За таа прилика спремија сет составен од песни од нивните 2 албума но и 6 сосем нови песни кои ќе се најдат на новиот албум кој ќе излезе во 2012-та.Во моментов се актуелни со ИГРАЈ СЛОБОДНО EP-то на кое неколку артисти (Mark Heaney од Gang Of Four,Zea од The EX,Дуке Бојаџиев,Bei The Fish со Ида од Lollobrigida,Fresh(ex Suns,Bernays Propaganda),Sethstat,Anomalia Nativa и Mindless Violence ) направија ремикси/преработки на нивните песни. Картите за концертот се веќе пуштени во претпродажба и можат да се купат по цена од 200 денари во продавницата на Југотон во ГТЦ и во билетарницата на МКЦ.На денот на концертот билетите ќе се продаваат по 300 денари. Како гости ќе настапат бендовите:ХИПНОПОЛИС,GREEN FUZZ и MINDLESS VIOLENCE. Концертот почнува во 21:00 часот.

Во Февруари 2007-ма BERNAYS PROPAGANDA го отсвиреа својот прв концерт како предгрупа на Њујорчаните GIRLS AGAINST BOYS.Иако отсвиреа само 15 минути тотално различни од звукот по кој ќе бидат препознаени подоцна ,веднаш после настапот добија понуда од PMG recordings за издавање на деби EP.Бендот ја прифати понудата и со тоа влета во вибрантната надоаѓачка сцена на нови македонски бендови модерирана од страна на PMG recordings и КАНАЛ 103,позната под името НОВ БРАН.Иако звукот на бендот еволуираше од бучен панк рок во игрив пост панк,групата ги задржа своите принципи базирани врз DIY културата и анархистичките идеи,нешта кои сеуште се основа нивното постоење. 2007-мата ја поминуваат свирејќи низ Скопје речиси секој месец и снимајќи го своето деби EP со кое ја започнуваат 2008-мата.Ова издание ги носи за прв пат надвор од Македонија по што Словенечката MOONLEE records се нуди понатаму да ги издава нивните изданија надвор од границите на Македонија.Во меѓувреме почнуваат да свират посериозни концерти и во земјава(хедлајнери на првиот PMG фестивал,предгрупа на GANG OF FOUR во склоп на OFF fest и настап на Таксират фестивалот во Метрополис арената.)
2009 беше пресудна година за развивањето на бендот.Деби албумот HAPPINESS MACHINESS излегува за MOONLEE за Европа и за PMG за Македонија(Во винилната варијанта покрај овие издавачи ја вклучуваат и сопствената НАПРАВИ ЗАЕДНО етикета,како и PRUEGELPRINTZ од Германија.)Таа година бендот свири низ цела Европа и го привлекуваат вниманието на публиката и критиката како еден од најсвежите Европски бендови.Првиот дел од турнејата ја почнуваат и завршуваат со два преполни самостојни концерти во Скопје,а вториот дел го започнуваат со уште еден распродаден концерт во МКЦ.Од тој момент беше јасно дека за нив нема веќе враќање назад. Бендот ги одбива понудите за интервјуа од сите релеванти Македонски и Екс-Југословенски мејнстрим медиуми(кои и покрај односот на бендот известуваат за нивната работа) и продолжува да работи без менаџмент ( и денес групата нема менаџмент ,не дава интервјуа за мејнстрим медиумите,не снима видео спотови а нејзините членови и блиски пријатели се грижат за букирањето,промоцијата,снимањето,издавањето и дизајнот!).Следната година групата го издава својот втор албум MY PERSONAL HOLIDAY(повторно со Moonlee и Pmg но и со сопствената НАПРАВИ ЗАЕДНО, Pruegelprintz,Thrashbastard,Narshardaa од Германија и Crapoulet од Франција на винилната варијанта.) Во меѓувреме одат на уште една Европска турнеја ,го распродаваат тиражот на првиот албум и настапуват на главната сцена на EXIT фестивалот.Следува уште една турнеја која завршува со преполн самостоен концерт во најголемиот скопски клуб Collosseum со кој го отворија Таксират фестивалот.Низ целата 2011-та групата отсвире 2 турнеи со ХАХАХА и една со HANDSOME FURS со што се доближија до бројката од 300 отсвирени концерти во 29 Европски земји .Во меѓувреме групата напиша песни кои ќе се најдат на нивниот трет албум кој беше најавен со ИГРАЈ СЛОБОДНО free download EP-то за Moonlee records и Направи Заедно на кое неколку артисти (Mark Heaney од Gang Of Four,Zea од The EX,Дуке Бојаџиев,Bei The Fish со Ида од Lollobrigida,Fresh(ex Suns,Bernays Propaganda),Sethstat,Anomalia Nativa и Mindless Violence ) направија ремикси/преработки на песните на BERNAYS PROPAGANDA.
Во 5-те години од своето постоење овој бенд им прирасна на срцата на многу луѓе кои ја препознаа искрената конструктивна енергија која извира од нивната музика и оригиналниот и непосреден начин на кои што тие ја претставуваат, рушејќи го митот дека бендовите не можат да бидат успешни во ширењето на својата музика без патронство од големите медиумски,промотерски и бизнис компании.

ХИПНОПОЛИС се надоаѓачки кумановски бенд на трагот на The Hip,Архангел и Падот на Византија.Станува збор за современ бенд кој има сопствен креативен печат, хипнотизирачка прецизност и создава препознатлива звучна слика .Нивниот деби албум излегува наскоро.

GREEN FUZZ е бенд составен од членови на ТБ ТРАЧЕРИ и GRAHAM YOUNG кои испорачуват мелодични гласни гитарски песни потсетувајќи не на моќта на трите акорда.

MINDLESS VIOLENCE се брз hard core/crossover бенд кој наскоро ја издава својата прва сплит плоча.

No comments:

Post a Comment